Исплатата од МојДДВ за третото тримесечје ќе се врши во месец ноември

Со истекот на месец септември ќе се заокружи третото тримесечје од Мој ДДВ за 2021.
Исплатата на граѓаните кои скенирале фискални сметки во ова тримесечје односно во месеците јули, август и септември ќе се врши во месец ноември.