Исплатени 43,3 милиони денари на сметките на 920 тутунари од Радовиш

24

Министерството за финансии на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43,3 милиони денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот. Средствата за обесштетувањето се обезбедени преку продажба на запленетиот тутун од Томи Мик Тобако Радовиш.

Владата ги обесштети тутунарите од Радовиш, кооперанти на Томи Мик Тобако Радовиш.

На тутунарите тутунот им е исплатен по просечна цена за откуп во радовишкиот регион.