Исплатени 62,5 милиони денари на 2.952 тутунари

23

Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари.

“Станува збор за откупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога исплатата на субвенциите беше запрена поради одредбите во Изборниот законик“, стои во соопштението на Министерството за финансии.