Исполнување на национален сон: Големи амбиции на првиот турски производител на автомобили

Гурџан Каракаш, директор на првиот турски производител на автомобили Togg, зборуваше за амбициозните цели на оваа компанија чии возила ќе почнат да се продаваат следната година.

Масовното производство на првата серија на моделот Togg, електричен SUV, започна во октомври и треба да биде завршено во првиот квартал на 2023 година. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека земјата на тој начин е се поблиску до исполнување на долгогодишниот сон  да има домашна марка на автомобили.

Каракаш истакна дека се работи за технолошки напредно возило чија цена ќе биде позната во февруари 2023 година, пишува Klix.ba.

„Тоgg ќе има конкурентна цена во својата класа, што исто така важи и за возила кои имаат мотор со внатрешно согорување. Нарачките ќе бидат прифатени од февруари 2023 година“, изјави тој за новинарите во фабриката на Тоgg во регионот Бурса, лоцирана во северозападна Турција.

Тој најави и дека првите примероци ќе бидат на патиштата во март.

Возилото е произведено од конзорциум од пет турски компании, кој се нарекува Иницијатива на турска групација на автомобили(Togg). Нивниот партнер е Сојузот на комори и стокови резерви на Турција.

Каракаш нагласи дека овој проект е инвестиција од 3,5 милијарди евра, која ќе се реализира во следните 15 години. Од оваа сума до крајот на следната година ќе бидат инвестирани 1,8 милијарди евра.