Испорачан најголемиот контејнерски брод во светот (Видео)

121

Кинескиот национален бродоградителски конгломерат China State Shipbuilding Corporation (CSSC) го испорача својот огромен контејнерски брод MSC Tessa на меѓународната бродарска компанија Mediterranean Shipping Company (MSC).

Со површина на палубата од околу 4 фудбалски игралишта, способен е да натовари до 24.116 TEU (6,1 м x 2,4 м x 2,6 м) контејнери одеднаш, наредени до висина од 26 метри. Ова е првиот контејнерски брод кој има носивост поголема од 240.000 тони, но интересно е тоа дека по должината и ширината (399,99 м x 61.5 м) речиси е идентичен со многу постари контејнерски бродови како Triple-E Maersk бродот од 2011 година, со должина од 399,2 метри. Исто така, интересно е што неговите наследници, MSC Irina и MSC Loreto, кои се прават по нарачка за истиот купувач, ќе носат уште неколку стотина контејнери плус, но нема да бидат физички поголеми.

Најголемиот брод во историјата, норвешкиот супертанкер Seawise Giant, беше долг 458,45 метри и широк 68,6 метри, а беше направен во доцните 70-ти години. Инаку, Giant во 1988 година беше потопен од страна на ирачките воздушни сили, а потоа спасен и поправен за повторно да заплови до 1991 година, после што се користеше до 2009 година.