Испорачани првите автомобили од фабриката на Tesla во Кина

51

Компанијата Tesla го испорача првиот автомобил изработен во Кина, со што направи голема пресвртница во производството на електрични возила, пишува BBC.

Вкупно 15 седан возила од Model 3 се произведени во таканаречената Gigafactory, сместена во близина на Шангај.

Во текот на церемонијата во фабриката, чија вредност се проценува на неколку милијарди долари, 15 од нејзините вработени ги добија автомобилите што ги порачаа.

Фото: Pexels