Испораката на гас преку Балкански тек започна и во Хрватска

59

Унгарија и Хрватска од вчера добиваат руски природен гас по нова рута – преку гасоводот Турски тек и понатаму преку националните системи за пренос на гас на Србија, Бугарија и Унгарија кои го сочинуваат гасоводот Балкански тек, објавено е на интернет страницата на рускиот енергетски џин Газпром.

Како што се наведува во информацијата на Газпром, испораките на гас по новата рута се овозможени благодарение на новиот гасовод во Унгарија кој го изгради ФГСЗ, како и завршувањето на продолжувањето на транспортниот систем во Бугарија и Србија, каде операторите Булгартранс и Гастранс изградија компресорски станици.

Гасоводот Турски тек, кој се протега од Русија до Турција по Црното Море, има капацитет од 31,5 милијарди кубни метри годишно и е наменет за снабдување со гас на Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа, додава Газпром.