
Испораките на нафта од Саудиска Арабија и Ирак до Европа, во вкупна вредност од речиси девет милиони барели, се соочуваат со одложувања бидејќи танкерите се принудени да ја пренасочат рутата поради ескалацијата на тензиите во Црвеното Море, објави Блумберг, цитирајќи податоци за следење на бродови.
Според извештајот, седум бродови, кои претходно овој месец товараа сурова нафта и нафтени деривати во саудиските пристаништа Рас Танура и Ал Џубаил и ирачкото пристаниште Басра, го сменија правецот, пренасочувајќи се од теснецот Баб-ел-Мандеб.
Повеќето од тие бродови ги променија маршутите на или по 12 јануари, по воздушните напади на американските и британските сили врз позициите на движењето Хути, поддржано од Иран, кое го контролира северниот и централниот дел на Јемен.
Пренасочените бродови сега одат околу ‘Рт на Добрата Надеж во Јужна Африка, избегнувајќи го Црвеното Море.
Оваа промена се очекува да го продолжи патувањето за повеќе од две недели.
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) претходно предупреди дека пренасочувањето на транзитот на нафта околу ‘Рт на Добрата Надеж, покрај одложувањето на испораките, го зголемува ризикот од тесни грла, повисоки транспортни трошоци и обновување на инфлацијата.
Фото: Pixabay











