Испораките на норвешки гас се зголемени за 56,4 отсто на почетокот на 2025 година

Норвешкиот извоз силно се зголеми во јануари 2025 година, како одраз на растот на испораките на природен гас, покажаа податоците од статистиката на Норвешка.

Извозот во првиот месец е поголем за 19,9 отсто во однос на истиот месец лани, а увозот е поголем за еден отсто.

Трговскиот биланс за јануари покажа суфицит од 94,8 милијарди норвешки круни (8,15 милијарди евра), што е за 43 отсто поголем од почетокот на 2024 година.

Најмногу се зголемиле испораките на природен гас на почетокот на годината и тоа за 56,4 отсто во однос на истиот период лани. Извозот на нафта сепак се зголеми за скромни 1,2 отсто.

Без енергија, извозот е зголемен за 6,5 отсто на годишно ниво, а пратките со риба пораснале за 14 отсто, пренесува Хина.

Во однос на ноември, вредноста на норвешкиот извоз во декември е зголемена за пет отсто, додека вредноста на увозот е намалена за 3,7 отсто.

Испораките на нафта се зголемени за осум отсто во однос на ноември, а испораките на гас за 5,1 отсто. Кога ќе се исклучи енергијата, извозот е зголемен за 2,8 отсто на месечно ниво.