
Германскиот производител на автомобили Фолксваген денеска објави дека испорачал 2,13 милиони возила во првиот квартал од 2025 година, што е за 1,4 отсто повеќе на годишно ниво.
Добриот резултат е постигнат и покрај слабоста на кинескиот пазар, каде испораките се намалени за 7,1 отсто на годишно ниво, на 644.100 возила, пренесува Ројтерс.
Ривалите на Volkswagen на кинескиот пазар ги намалија цените за да ги придобијат клиентите, но германскиот производител не го следеше овој тренд, што се одрази на продажбата.
Фото pixabay