Испраќајте и примајте пари преку Facebook Messenger

49

payments

Една од најпопуларните социјални мрежи во светот, Facebook, постојано им нуди нови опции на своите корисници. Овој пат станува збор за можност за испраќање или примање пари меѓу пријателите преку Facebook Messenger, пишува Facebook Newsroom.

За да се испратат пари, прво што треба да се направи е да се започне со испраќање порака на пријателот, потоа да се избере симболот $ и да се вметне износот и на крајот да се притисне Pay во горниот десен агол, каде што треба да се напише бројот на дебитната картичка од каде што се испраќаат парите.

Доколку сакате да примите пари, започнувате разговор со вашиот пријател, потоа потребно е да се притисне опцијата Add card и напишете го бројот на вашата дебитна картичка на која ќе ги примите парите.

“Вклучувањето на најдобрите безбедносни практики во нашиот бизнис со трансакции од секогаш беше приоритет број еден. Користиме софтвер и хардвер за заштита и безбедност што ги исполнуваат највисоките стандарди“, се наведува на официјалната страница за новитети на Facebook.