Испраќањето луѓе на Месечината ќе чини 28 милијарди долари

48

Американската Национална воздушно – вселенска администрација – НАСА вчера го објави планот за праќање човечки екипаж на Месечината до 2024 година. Тоа ќе чини вкупно 28 милијарди долари. Буџетот е планиран за наредните три години.

Само вселенското летало би чинело 16 милијарди долари.

Конгресот на САД, што ги очекува претседателските избори на трети ноември, сега треба да го одобри планот за праќање астронаути на Месечината, што пак, сегашниот претседател Доналд Трамп го постави како врвен приоритет.

Од друга страна пак, шефот на НАСА, Џим Брајденстин потсети на политичките ризици од можна смена на шефот на државата. Според тамошните медиуми, на пример, Џорџ Буш потроши милијарди на подготовки за астронаутска мисија на Марс, а неговиот наследник Барак Обама ги откажа сите тие активности.

Фото: Pixabay