Истанбулска берза купи една четвртина од Монтенегроберза

41

Borsa-İstanbuldaИстанбулска берза купи 24,38% од акциите на Монтенегроберза за 450.000 евра, јавуваат црногорските медиуми. Мнозински сопственик на Монтенегроберза и понатаму останува Атлас група.

Истанбулската берза (Borsa Istanbul) претходно најавуваше дека е заинтересирана и за удел во Белградска берза, со цел да ги поврзат сите берзи во регионот. Турците веќе имаат удел во Сараевска берза.

Борса Истанбул е меѓу водечките во светот по дневен обрт. Дневната вредност на прометот на овој пазар е 1,7 милијарди долари, а пазарната капитализација на акции на берзата изнесува 280 милијарди долари.