Истанбулската берза и Nasdaq станаа стратешки партнери

32

borsaИстанбулската берза (Borsa Istanbul) и американската Nasdaq OMX Group потпишаа договор за партнерство според кој американската компанија ќе и обезбеди на турската страна технологија потребна да се развие во регионален финансиски центар.

Истанбулската берза ќе ги користи технологиите на Nasdaq за тргување, надзор на пазарот и управување со ризици за сите видови имот, вклучувајќи ги и договорите за трговија со енергенси.

“Целта ни е да ја позиционираме Берзата во Истанбул како водечка интегрирана берза во регионот за разни видови имот и да испорачаме најсовремена платформа за издавачите, инвеститорите и трговците на светско ниво”, изјави во соопштението претседателот на Истанбулската берза, Ибрахим Турхан.

Турхан претходно изјави дека Берза Истанбул преговара за склучување партнерство со Лондонската берза, NYSE Euronext, Nasdaq и германската берза (Deutsche Bourse).