Историска трансакција: Го отфрлија доларот и им платија на Французите за гас во локална валута

450

Кинеската компанија China National Offshore Oil Corporation и плати на француската TotalEnergies за испорака на гас LNG во кинески јуани. Тоа е прва ваква трансакција во бизнисот со гас.

Околу 65.000 тони ЛНГ биле увезени во Кина од Обединетите Арапски Емирати и биле платени во јуани, а според Гуо Ксу, шефот на берзата во Шангај, првото плаќање во кинеска валута промовира проширување на меѓународната трговија и воведува можност на плаќање во повеќе валути, пренесува tportal.

Ова е клучно за Kинезите бидејќи тие со години го туркаат јуанот за да отстранат што е можно повеќе американски долари од пазарот. Кина е исто така еден од најголемите светски увозници на ЛНГ.

„China National Offshore Oil Corporation, најголемиот оператор на гасна платформа во Кина е посветена на иновации на меѓународни модели за плаќање“, рече извршниот директор Ју Џи по трансакцијата.

Минатата година Кина увезла 500 милиони тони сурова нафта и 100 милиони тони природен гас, вклучително и речиси 64 тони ЛНГ.

Фото:Pixabay