Историска зделка на Airbus од 49,5 милијарди долари

22

av1

Фото: Airbus

Компанијата Airbus соопшти дека договори продажба на 430 авиони на американската компанија Indigo Partners вредна 49,5 милијарди долари, што претставува една од најголемите нарачки во историјата на комерцијалната авијација.

Авионите ќе бидат распределени помеѓу нискобуџетните авиокомпании коишто се дел од Indigo Partners – Frontier Airlines (САД), JetSMART (Чиле), Volaris (Мексико) и Wizz Air (Унгарија).

Договорот за продажба е објавен во рамки на саемот за воздухопловство (Air Show) во Дубаи.

Indigo ќе купи 273 авиони од типот А320neo и 157 авиони од типот A321neo.