Историски договор: UBS ја купува Credit Suisse

80

Швајцарската банка UBS Group ќе ја преземе конкурентската банка Credit Suisse за 3 милијарди швајцарски франци (3,035 милијарди евра), објавија компаниите во денеска.

Според условите на акционерскиот договор, акционерите на Credit Suisse ќе добијат 1 акција на UBS за секои 22,48 акции на Credit Suisse што ги поседуваат во вкупната вредност од 3 милијарди франци.

Акциите на Credit Suisse изгубија четвртина од вредноста минатата недела. Банката беше принудена да искористи 54 милијарди долари од финансирањето на централната банка додека се обидува да се опорави од скандалите што ја поткопаа довербата на инвеститорите и клиентите.