Историски максимум на цената на гасот во Европа

36

Цените на природниот гас во Европа драстично се зголемија на над 1.600 долари за 1.000 кубни метри во раните утрински часови на тргувањето, покажуваат податоците на ICE.

Директорот на природни ресурси и артикли во компанијата Фич, Дмитриј Мариченко изјави дека е можен понатамошен раст на цената на гасот ако зимата биде многу студена и ако има дефицит во понудата.

“Најголем тест и за цената на гасот и за потрошувачите ќе биде зимата. Ако времето е студено, а имаме физички недостиг на гас, цените би можеле да бидат повисоки“, истакна Маринченко.

Тој додаде дека растот на цената на гасот е и рефлексија на актуелната конкуренција помеѓу европските и азиските купувачи на течниот природен гас, малите резерви во европските капацитети за складирање гас и недоволното зголемување на испораките на најголемите снабдувачи на гас во Европа, пред се Газпром.