Историски пад на вредноста на криптовалутите, познатa и причината

188

Вредноста на криптовалутите се преполови во споредба со минатата година, кога растот на вредноста го достигна врвот во ноември.

Биткоинот достигна вредност од 68.000 долари во ноември 2021 година, додека сега изнесува 31.000 долари, што е повеќе од половина.

Подемот и падот на вредноста не е ист со секоја криптовалута. Вредноста на некои криптовалути може да расте побрзо од другите, но може и да падне.

Етереум е најпопуларната криптовалута по Биткоин, а од почетокот на оваа година изгуби 40% од својата вредност. На почетокот на 2022 година, вредноста на Етереум беше 3.765 долари, додека сега е 2.243.

Некои криптовалути изгубија дури 80 отсто од својата вредност оваа година. Сепак, треба да се земе предвид дека криптовалутите се нестабилен пазар на кој флуктуациите на вредноста можат да бидат драстични за краток временски период.

Криптовалутите најчесто се купуваат кога вредностите нагло паѓаат, а се продаваат кога се зголемуваат. Причината за ваквите промени е тоа што се работи за средства со висок ризик.

Аналитичарите тврдат дека главната причина за падот е одлуката на Централната банка на САД да ги зголеми каматните стапки како одговор на инфлацијата. Слично нешто направија и централните банки на Европската унија и на Обединетото Кралство.

Во ситуации кога каматните стапки растат, инвеститорите ги повлекуваат своите пари од високоризични инвестиции.

Не е невозможно оваа ситуација брзо да се сврти и криптовалутите да ја компензираат загубата, меѓутоа, засега нема индикации дека тоа ќе се случи.