Истражување: До крајот на 2023 година, 90% од возрасните ќе користат паметен телефон

15

mobile Фото: Pixabay

Употребата на паметни телефони постојано расте. До крајот на 2023 година се очекува над 90% од возрасните во развиените држави да имаат ваков телефон, пишува Deloitte во своето истражување за трендовите од областа на технологијата.

Како што се наведува во студијата, 85% од луѓето помеѓу 55 и 75 години ќе имаат паметен телефон којшто во просек ќе се употребува дури до 65 пати во денот. Истовремено, 45% од корисниците на паметни телефони и 65% од оние на возраст помеѓу 18 и 24 години ќе се обидат да ја намалат или ограничат неговата потреба во 2018 година, бидејќи ќе сфатат дека станале зависни од него. Според прогнозите на Deloitte, се очекува над милијарди корисници да се вклучат во креирање на виртуелна реалност барем еднаш во 2018 година, активност којашто над 300 милиони корисници ја практикуваат месечно.

Deloitte предвидува дека гледањето телевизија ќе се намали од 5% до 15% годишно особено помеѓу популацијата на возраст од 18 до 24 години во САД, Канада и Велика Британија. Во изминативе седум години младите сè повеќе се оддалечуваа од телевизијата на сметка на паметните телефони, социјалните мрежи и видео пиратеријата, стои во истражувањето.