Истражување: Инстаграм поттикнува мизогинија, ТикТок покажува пристрасност кон конзервативни идеологии

80

Истражувањата покажаа дека Инстаграм е социјалната мрежа која најмногу поттикнува мизогинија.

Феминистичката група „Ултравајолет“ и „ИСД“ во соработка со Харвард направи класификација на социјалните мрежи кои поттикнуваат дискриминација во однос на полот и расата. Социјалните мрежи опфатени со ова истражување беа оценети врз основа на различни параметри со оценка од А до Ф, така што А е најдобрата, а Ф најлоша.

Во споредба со сите класификации, Инстаграм и Фејсбук имаат негативен рејтинг.
Додека Твитер се покажува како демократска мрежа. Твитер користи различни мерки за борба против содржината која промовира омраза, дезинформации и како таква стана многу „почиста“ социјална мрежа во споредба со Инстаграм и Фејсбук.

Фејсбук беше оценет со Д. Недостатоците на оваа мрежа се што не успева да ја елиминира дискриминацијата и сексуалното вознемирување во однос на расата, не успева да отстрани дезинформации, различни форми на вознемирување и говор на омраза. Времето потребно за отстранување на таквите објави е премногу долго, а примателите на таква содржина мора да го пријават секој корисник и порака поединечно. Кога станува збор за дезинформации (во случајов на тема бременост, абортус, нарушувања во исхраната), нема заштитен механизам.

Инстаграм е оценет со Ф. Инстаграм ги има истите недостатоци како Фејсбук, при што Инстаграм има поголемо влијание поради алгоритмите и филтрите кои директно ги дискриминираат корисниците врз основа на сексизам или физички карактеристики.

ТикТок беше оценет со Д. Оваа мрежа е критикувана за занемарување на расната дискриминација и ширење на т.н. „одмаздничка порнографија“, како и присуство на премногу експлицитна содржина. Во исто време, дезинформациите се „надвор од контрола“, а алгоритмот на оваа мрежа покажува пристрасност кон конзервативните идеологии.