Истражување: Колкава е поддршката за Отворен Балкан во регионот

70

Иницијативата „Отворен Балкан“ има најголема поддршка во Србија, по што следат БиХ и Северна Македонија. Најмалку поддршка има во Косово според истражување на ИРИ (International Republican Institute) во период јануари-февруари годинава, на примерок од 7.012 лица во пет држави.

Во Србија, 33 отсто од испитаниците рекле дека во потполност ја поддржуваат иницијативата, додека 42% посочиле дека „до некаде“ ја поддржуваат. Во Босна 30 проценти од населението се за оваа регионална иницијатива, додека 38 отсто делумно ја поддржуваат.

Кај нас тие бројки се 28% за целосно и 33 донекаде поддржка на испитаниците за „Отворен Балкан“, додека 9 отсто воопшто не ја поддржуваат.

Следи Црна Гора со Целосна поддршка (27%), делумна поддршка (39%) и 9 отсто кои воопшто не ја поддржуваат иницијативата.

На Косово, како што е познато и од изјавите на тамошните раководни органи, само 16 отсто целосно го поддржуваат „Отворен Балкан“, 26 „до некаде“, додека 36 не даваат поддршка.

Најмногу неопределен, односно без одговор се во Црна Гора (14%), па следат БиХ (12%) и Косово (10%).

Само 6 отсто во С.Македонија не дале одговор на прашањето дали ја поддржуваат регионалната иницијатива.

Повикот за приклучување на иницијативата во која засега членуваат С.Македонија, Србија и Албанија од 2019-та година во зоната за слободно движење на луѓе, стоки и услуги, упатена е и на други земји од Западен Балкан.