Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања, покажуваат податоците од истражувањето на истражувачката агенција Брима, спроведено во декември минатата година.
“Резултатот е речиси идентичен за квалитетот на фиксната мрежа, односно граѓаните се изјасниле дека се најзадоволни од фиксната мрежа на Македонски Телеком. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1.000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, Брима спроведе теренска анкета, интервјуа со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи“, се вели во соопштението.
Изборот на мрежата на Македонски Телеком за најдобра е резултат, како што се наведува, на повеќекратните инвестиции во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.
“Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со фиксна мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во Дојче Телеком Групацијата, додека пак во моментот со 4G мрежа се покриени 45% од територијата на Република Македонија и 70% од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3G мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3G мрежа покрива 95% од територијата и 99% од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги“, стои подолу во соопштението.