Истражување: Романците, Бугарите и Хрватите сакаат воведување на еврото

29

geld

Последното истражување на Eurobarometer спроведено во седум земји надвор од еврозоната покажува дека четири се за, а три се против воведување на еврото како национална валута. Истражувањето е спроведено од 20 до 22 април во Хрватска, Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.

Со истражувањето не се опфатени Велика Британија и Данска, кои според договор имаат траен исклучок од учество во заедничка валута, пишува Јутарњи лист.

Најголем процент од анкетираните што се за воведување на еврото се од Романија (68%), Унгарија (60%), Бугарија (55%) и Хрватска (53%). Против воведување на еврото се изјасниле во Чешка (70%), Шведска (66%) и Полска (53%).

Мнозинството анкетирани во сите седум земји сметаат дека нивната земја не е подготвена за воведување на евро.