ИТ компаниите да платат поголем данок бидејќи се “победници“ во пандемијата

85

Европскиот комесар за економија и оданочување, Паоло Џентолини порача дека технолошките компании се “победници“ во пандемијата од коронавирусот и поради тоа треба да платат повисок данок во Европа, пренесува CNBC.

Неговиот коментар следи по отворениот конфликт меѓу САД и ЕУ околу оданочување на компании како што се Apple, Alphabet и Amazon.

Европската комисија во 2018 година предложи дигитален данок од 3%, тврдејќи дека даночниот систем треба да се ажурира како што се развива технологијата.

Голем е бројот на технолошки компании коишто и покрај пандемијата покажуваат одлични резултати, посебно поради работата од дома, како и купување нови уреди и преземање бројни апликации за паметни уреди.

Фото: Freepik