Италија: Бесплатни книги за деца во замена за пластични шишиња и лименки

24

Фото: Facebook

Книжарница во малото место Пола во Салерно, Италија на децата им нуди бесплатни книги во замена за пластични шишиња и алуминиумски лименки за рециклирање.

Сопственикот на Ex Libris Cafe, Михеле Џентиле со оваа инцијатива сака да ги поттикне младите повеќе да читаат, но и да се грижат за животната средина, пишува CNN.

Училишните деца треба само да донесат едно шише и една лименка и за возврат добиваат книга. Џентиле со ова учествуваше во проект за рециклирање на алуминиум спроведен во едно локално училиште. Тој заедно со учениците собра доволно лименки за да купат книги за цело одделение.

Џентиле идејата ја добил откако видел купишта отпад од метал во едно поле и потенцијлната опасност по околината. Неговата иницијатива, којашто вклучува индивидуалци и училишта, веќе се спроведува во цела северна Италија.