Италија доби нова авиокомпанија

89

Новата авиокомпанија ITA во петокот доби дозвола за летање од италијанските власти. Тоа е помал наследник на италијанската авиокомпанија Alitalia.

Според италијанското Министерство за економија, ITA ќе работи целосно од 15 октомври, а со оваа одлука веќе може да започне со продажба на билети.

Кратенката ITA3 претставува Italia Trasporto Aereo, a vо петокот, доби сертификат од италијанската агенција за цивилна авијација ENAC како оператор за воздушен транспорт и дозвола за вршење воздушен превоз, пренесува италијанската новинска агенција Ansa.

“ITA може да полета“, рече претседателот на ENAC, Пјерлуиџи Ди Палма.

Првите летови на новата авиокомпанија се закажани од средината на октомври. Се очекува ITA да започне со флота од 52 авиони, а тој број се очекува да се зголеми на 78 до 2022 година и на 105 до 2025 година. Се очекува бројот на вработени да достигне од 2.750 до 2.950 во оваа година, а бројот се очекува да се зголеми на 5.700 до 2025 година.

Фото: Pixabay