Италија:Грејната сезона ќе трае 15 дена помалку, во фирмите максимална температура 18 степени

126

Италијанското Министерство за еколошка транзиција потпиша нова регулатива за заштеда на енергија, со која се заоструваат максималните температурни граници и се скратува периодот на загревање на гас во текот на зимата.

Како што се наведува во соопштението на министерството, во земјата времето за греење во текот на денот ќе се скрати за еден час, додека вкупната зимска грејна сезона ќе се скрати за 15 дена, така што „почетокот на грејната сезона ќе доцни за осум дена, а крајот ќе биде седум дена претходно“, пренесува порталот local.it.

Регулативата ја заострува и границата на максималната внатрешна температура во зградите, барајќи од компаниите да не надминуваат 18 степени Целзиусови (претходно се предвидуваа 19 °C), а граѓаните да го постават греењето на максимални 19 °C наместо првично планираните 20. ° C, пренесува RT.

Новите ограничувања нема да важат за „места за богослужба, јасли, градинки и базени“, ниту за „згради чии системи за греење се потпираат на обновливи извори на енергија“, објави Министерството.