Италија ќе бара од ЕУ да подготви мерки за компензација на штетата од американските царини

Италија ќе побара од Европската унија да подготви мерки за компензација за секторите кои би можеле да бидат погодени од американските царини, изјави  италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо.

Според него, американско-европската трговска војн „ги загрозува трансатлантските деловни односи“ и дека таа треба да се избегне, пренесе „Ројтерс“.

Откако Вашингтон воведе царини за увоз на челик и алуминиум минатата недела, ЕУ подготви планови за контрамерки против САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се закани со царини од 200 отсто за вино и алкохолни пијалаци од Европската унија.

„Ќе побараме од Европската унија да обезбеди мерки на компензација за секторите погодени од американските царини“, рече Урсо.

Овој истакнат член на партијата Браќа од Италија на премиерот Џорџa Мелони рече дека треба да се избегне трговска војна со потенцијални глобални последици, нагласувајќи дека САД претставуваат еден од главните трговски партнери на Италија надвор од Италија.

Тој, исто така, го повика Брисел да одговори на тарифите на пропорционален начин, избегнувајќи ескалација.

„Мораме да бидеме претпазливи, одговорни и да дејствуваме пред да реагираме и да ги искористиме нашите одлични односи со американската администрација за да избегнеме ескалација на закани, а потоа и одмазда“, рече Урсо.

Премиерката Мелони, блиска до Трамп, ги предупреди европските партнери да не го ескалираат трговскиот спор со САД преку одмазднички царини