Италија обезбедува рекордни субвенции за е-автомобили

28

Италија планира да воведе рекордни субвенции за електричните автомобили и тоа за оној дел од населението на кој им се најпотребни. Блумберг пишува дека италијанската влада планира програма за субвенционирање на купување електрични автомобили во вредност од 930 милиони евра.

Граѓаните со годишен приход помал од 30.000 евра треба да добијат финансиска стимулација до 13.750 евра доколку своето старо возило со стандард Еуро 2 го заменат за електричен автомобил. Ваквиот начин на субвенционирање е вистинската мерка бидејќи доста често, во други земји, се поттикнуваат и клиентите кои купуваат електрични автомобили поскапи од 100.000 евра. Како што сите претпоставуваме, станува збор за богати возачи, на кои не им требаат стимулации, но со задоволство ги користат, кога веќе им се достапни. Италијанската програма за финансирање би имала и социјална компонента.

Италија има еден од најстарите возни паркови во Европа, а на патиштата има околу единаесет милиони автомобили со стандард Еуро 3 или понизок. Планот на Владата е да се обнови возниот парк и да се поддржат семејствата со ниски примања, односно да се промовира купувањето на електрични автомобили произведени во таа земја.