
14,4 милиони странски туристи ќе ја посетат Италија во текот на зимската сезона, што е за 21,1 процент повеќе од минатата година, според прогнозата објавена од Институтот Демоскопика.
Според очекувањата, странските туристи ќе поминат околу 52 милиони ноќевања во Италија во текот на зимата, што е зголемување од речиси 29 проценти во споредба со минатата година, пренесува АНСА.
Се проценува дека вкупно 29,7 милиони туристи, странски и домашни, ќе патуваат во Италија оваа зима и ќе поминат 93 милиони ноќевања, пренесува Tanjug.rs.











