Италија: Одобрен предлог-закон за забрана на лабораториски произведена храна

Италијанската влада го одобри нацрт-законот со кој се забранува употреба на лабораториски произведена храна и добиточна храна со цел да се заштити земјоделскиот и прехранбениот производствен комплекс и гастрономското наследство, изјави на прес-конференција италијанскиот министер за земјоделство.
Доколку овој предлог-закон „помине“ во парламентот, на италијанската прехранбена индустрија нема да и биде дозволено да произведува храна или добиточна храна „од клеточни култури или ткива добиени од ‘рбетници“, а прекршувањето на овие правила ќе биде казнето до 60.000 евра, пренесува Ројтерс.

„Според нас, лабораториските производи не го гарантираат квалитетот, благосостојбата и заштитата на италијанската култура и традиција“, рече министерот за земјоделство Франческо Лолобриџида..