Италија планира 5 милијарди евра за помош на потрошувачите поради високите сметки за струја

29

Италија би можела да обезбеди повеќе од 5 милијарди евра како мерка за ублажување на влијанието на зголемените трошоци за енергија врз потрошувачите, објави Bloomberg, цитирајќи го весникот Il Messaggero, повикувајќи се на владини извори.

Владата на Марио Драги планира да искористи 3 милијарди евра за олеснување на сметките за електрична енергија, што исто така ќе помогне да се намалат другите трошоци.

Претходно овој месец, Bloomberg соопшти дека владата планира да ги „заштити“ клиентите од зголемените трошоци за енергија.