Италија: Побрз економски раст отколку што се очекуваше

44

Италијанската економија расте многу побрзо отколку што се очекуваше, изјави италијанскиот премиер Марио Драги. Тој на прес -конференцијата во Рим нагласи дека, сепак, економијата треба да се трансформира, за да се овозможи нејзино побрзо и поконстантно проширување во следните неколку години.

Драги рече дека првата половина на 2022 година ќе биде клучна за следење на развојот на економската трансформација за која се надеваат во Италија. Осврнувајќи се на кризата поради епидемијата на коронавирусот, италијанскиот премиер изрази уверување дека 80% од италијанските граѓани над 12 -годишна возраст ќе бидат вакцинирани до крајот на месецот.

Драги додаде дека главниот приоритет на властите е да обезбедат безбедно враќање на учениците во училиште.