Италија подготвува продажба на ИТА Ервејс, веројатно на Луфтханза

71

Италијанската премиерка Џорџија Мелони официјално ја одобри продажбата на  малцински удел во ITA Airways.
Нацрт-регулативата што ја виде Ројтерс предвидува дека купувачката авиокомпанија мора да поседува мнозински удел во ИТА по завршувањето на процесот на приватизација.

Луфтханза е главен кандидат, велат изворите. Тие потсетуваат дека германската авиокомпанија најави дека сака малцински удел во италијанската авиокомпанија во блиска иднина.

Луфтханза и ИТА одбија да го коментираат потегот на владата, но главниот извршен директор на ИТА Фабио Лазерини во средата објави дека разговорите со германската компанија биле „многу кооперативни“.