Италија протестира поради затворање на фабриката Bridgestone

39

bridgestoneИталијанскиот министер за труд Корадо Пасера ја критикуваше одлуката на јапонската компанија Bridgestone да ја затвори фабриката во јужна Италија и ја оцени како “сериозна и без причина”.

Пасера во писмото упатено до оваа компанија, што го објави министерството, наведува дека Bridgestone не соработувал со властите во пронаоѓање на друго решение.

Европската дивизија на Bridgestone во вторникот објави дека на почетокот на 2014 година ќе ја затвори фабриката за гуми за патнички возила во близина на Бари, поради пад на побарувачката и намалената продажба на автомобили во Европа. Во фабриката се вработени 950 работници и се произведуваат 21.000 гуми дневно.