Италија забрани храна од лаборатории – „Синтетичкото месо не е месо, синтетичкото млеко не е млеко“

24

Италија ќе ја забрани вештачката храна, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида на состанокот на европските конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Така, Италија е првата земја во светот што го направи тој чекор, пренесе Б92.

„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна и сака да стане пример за другите како да се регулира таа индустрија“, рече Лолобриџида (Браќа од Италија) за време на видео повик на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина“ за European Farmers’, која ги собра водечките конзервативни политичари.

Тој посочи дека е недозволиво квалитетна храна да се резервира само за богатите.

Позицијата на Лолобриџида во голема мера ја делеше и европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчеховски (PiS/ECR), кој исто така зборуваше за време на настанот ECR во отворен дијалог со италијанскиот министер.

„Како комесар се залагам за традиционалното земјоделство, силно ги штитам природните производи. Системот за означување не зависи од мене, туку се трудам да ја заштитам традицијата“, објасни Војчеховски.

„Синтетичкото месо не е месо, синтетичкото млеко не е млеко. Јас бранам природен производ, а користењето на името на природен производ за синтетички, според мене, не е чекор во вистинската насока“, додаде тој.