Италијанците ги испразнија продавниците

150

Жителите на северниот дел од Италија ги испразнија продавниците поради страв од ширење на корона вирусот, пренесуваат тамошните медиуми.

Луѓето масовно купуваат конзервирана храна, вода и средства за дезинфекција и чекаат да биде донесена одлуката да не ги напуштаат своите домови.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте изјави дека 50.000 жители од 12 градови во северниот дел на земјата би можеле да останат целосно изолирани. Па, поради тоа, локалното население веднаш започнало со создавање резерви на храна и вода.

Во исто време, во Венеција е откажан големиот карневал, Армани ја одржа својата ревија без публика, а откажани се и сите други јавни настани.

Според досегашните информации, во Италија има околу 200 заразени со овој вирус, а бројот на смртни случаи се искачи на пет.

Фото: Pixabay