Италијанската влада сака да преземе култни автомобилски брендови од Stellantis

46

Италијанската влада би можела да ги земе историските марки на автомобили Innocenti и Autobianchi од Stellantis и да им ги понуди на странски компании да започнат со производство во Италија, објави дневниот весник Il Sole 24 Ore.

Министерот за индустрија Адолфо Урсо регистрирал верзии на двете марки во домашната канцеларија за патенти и трговски марки, пишува италијанскиот весник, додавајќи дека нивната графика се разликува од оние што ги регистрирала групацијата Стелантис, пишува италијанскиот весник.

Владата ќе ги преземе двете марки според декемврискиот закон кој ја дозволува таа опција доколку сопственикот не ги користи повеќе од пет години. Се подготвува и регулатива, чиј нацрт во моментов го анализира ревизорскиот суд, пишува Il Sole 24 Ore.

Откако ќе ги преземе, владата може да ги пренесе на „компании, вклучително и оние од странство, под услов да имаат намера да инвестираат во Италија или да преселат во Италија производствени активности од странство“, се вели во законот.

Рим сака да привлече нови странски инвеститори и можеби да вклучи историски брендови во спроведувањето на тој план, шпекулира весникот, потсетувајќи дека министерот Урсо разговарал со претставници на BYD, Great Wall Motors и Chery за време на неговата посета на Пекинг. Министерството за индустрија не било достапно за коментар за извештајот. Стелантис одговори на истрагата на Ројтерс дека ги видел медиумските извештаи, но дека владата не го информирала за таквите планови.

Innocenti стана познат во 60-тите и 70-тите години на минатиот век со производство на италијанската верзија на британскиот Mini, а потоа го презеде Fiat, денес дел од групацијата Stellantis.

Поранешната подружница на Fiat, Autobianchi, произведуваше малку поскапи градски автомобили, како што се A112 и Y10. Владата на премиерката Џорџа Мелони со месеци е во несогласување со Стелантис, обвинувајќи ја компанијата за запоставување на историските производствени капацитети во Италија.