Италијански дизајнер донира облека вредна околу 30 милиони евра

54

Италијанскиот дизајнер Брунело Кучинели ќе донира облека од негови колекции што не успеал да ги продаде, бидејќи бутиците беа затворени во текот на пандемијата.

Облеката со потписот на Кучинели ќе добие нова етикета – Брунело за човештвото, а ќе биде донирана на хуманитарни и невладини организации, како и на поединци кои имаат потреба.

Според Кучинели, овој проект за донирање облека вредна околу 30 милиони евра, има за цел да го подигне човечкото достоинство и да им даде почест на сите кои работеле на создавање на облеката.

Во еден пакет ќе има 40 до 50 парчиња гардероба што ќе ги добиваат организациите, коишто потоа, два до три пати годишно, ќе ги делат на оние кои имаат потреба од облека.

Инаку, Кучинели во светот е познат како “крал на кашмирот“, а изјави дека се надева дека и други негови колеги ќе го следат неговиот чекор.

Фото: Facebook