Групацијата Beneton ќе затвори 419 продавници до крајот на 2025 година, од вкупно 3.500 ширум светот, а речиси две третини од продавниците кои ќе бидат затворени се наоѓаат во областа меѓу Калабрија и Сицилија, пишува италијанскиот весник Corriere della Sera.
Најчеста причина за затворањето е неможноста на продавницата да ги плати долговите, поради што извршниот директор Клаудио Сфорца одлучи да го реорганизира бизнисот. Идејата е да се намали бројот или целосно да се укинат непрофитабилните подружници, а во Италија ги има многу – од вкупно 191 продавница на Бенетон во земјата, 149 се индиректни франшизи, од кои 90 се веќе во банкрот. Поради ова, овие подружници не можеа редовно да ги подмируваат своите обврски кон групацијата Бенетон, која веќе беше во криза во последните години.
Во 2023 година, италијанскиот моден бренд забележа еден од најлошите оперативни резултати во годината – нето загуба од 230 милиони евра. Резултатите од претходната година исто така не беа позитивни, но споредено со денешната загуба, минусот од 81 милион евра од 2022 година изгледа како добар резултат. Иако во 2024 година продажбата во продавниците на Бенетон е зголемена за седум отсто во однос на претходната година, компанијата се уште бележи загуби. Последен пат Бенетон беше во плус пред 12 години, а од 2013 до 2024 година загуби вкупно 1,6 милијарди евра.
Фото: Pixabay