Италијански пакет на поддршка од 25 милијарди евра

54

Италијанскиот министер за економија, Роберто Гвалтијери изјави дека планираниот владин пакет за економска поддршка ќе изнесува околу 25 милијарди евра, за да се помогне на компаниите и работниците со тековната криза поради коронавирусот.

Тој наведе дека пакетот ќе вклучи дополнително финансирање на здравствениот систем, како и комбинација од мерки за финансиски олеснувања за компании и домаќинства, меѓу кои се замрзнување на плаќање на данок и отплати на кредити, пренесува Reuters.

Мерките се очекува да бидат усвоени на денешна седница на владата.

Владата во Рим соопшти дека плаќањата за хипотеки ќе бидат суспендирани на територијата на цела Италија, а италијанскиот банкарски лоби ABI најави дека заемодавачите ќе понудат мораториум на долговите на малите компании и домаќинства кои го трпат ударот од пандемијата.

Фото: Pixabay