Италијански семејства бараат 100 милиони евра отштета од државата

32

Вкупно 500 семејства на жртви од пандемијата ќе покренат приватни тужби против Италија и ќе побараат 100 милиони евра поради тешки пропусти во управување со кризата, пишуваат тамошните медиуми.

Тужбите ќе бидат поднесени против претседателот Џузепе Конте, министерот за здравство, Роберт Сперанса и претседателот на Ломбардија, Атила Фонтана.

Инаку, Ломбардија е италијанска покраина којашто помина најлошо во пандемијата, со скоро 25.000 од вкупно 70.000 смртни случаи во Италија од месец март.

Фото: Freepik