Италијанскиот ланец на супермаркети Conad најавува влез на македонскиот пазар

718

Conad, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, влегува на нови пазари на Балканот.

Како што пишува порталот Retail Serbia, филијалата на Conad во Албанија објави дека освен на црногорскиот пазар, планираат влез и на македонскиот пазар.

Конад моментално работи со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години.

Conad Албанија е дел од групата Conad Adriatico.

Првите супермаркети Conad во Италија беа отворени во 1962 година. Покрај домашниот пазар, синџирот е присутен и во Албанија, Сан Марино, Кина, Малта и на  Косово.