Ивеко затвора пет фабрики низ Европа

19

Работниците на фиатовите подружници на Ивеко кои се занимаваат со производство на камиони веќе со месеци се борат за своите работни места. Италијанскиот произведувач на камиони планира да затвори пет погони на европско тло до крајот на оваа година. Оваа одлука директно ќе влијае врз судбината на 1.075 работници. Управата на Фиат затворањето на погоните го оправдува со големиот пад на продажбата на камиони.

Затворањето на погоните е дел од програмата за жестока рационализација на производството во Европа. Пред само неколку месеци од страна на Фиат беа затворени неколку погони за производство на автобуси во Италија и Шпанија. Исто така се најавува и затворање на погонот за производство на противпожарни возила која се наоѓа во Шпанија.

Управата на Фиат на чело со Серџио Маркинонен ваквата реорганизација ја оправдуваат со воведување на американски стандарди на работење. Целта е да се освои американскиот пазар кој во моментов има дефицит и потреба од нови камиони и автобуси.