Избегнат банкрот – Evergrande се договори со инвеститорите

57

Главната компанија во сопственост на групацијата Evergrande, Hengda Real Estate Group, објави во средата дека постигнала договор со сопствениците на обврзници, што помогна да се смират тензиите предизвикани од можноста овој кинески гигант да не ги подмири своите долгови и на тој начин да предизвика финансиски хаос на глобално ниво.

Централната банка на Кина му помогна на банкарскиот систем со издвојување на околу 14 милијарди долари, а финансиските пазари во Кина се стабилизираа и повторно се отворија по дводневна пауза за време на фестивалот на есента, пренесува Ројтерс.

Групацијата за недвижности Hengda Real Estate Group ќе плаќа камата за обврзниците што доспеваат во септември 2025 година, се вели во соопштението на компанијата. Оваа обврзница веќе е решена преку приватни преговори, додаде компанијата. Се очекува групацијата Евергранд да плати камата од 36 милиони долари за обврзниците. Меѓутоа, оваа кинеска компанија не го споменува плаќањето на каматата на доларската обврзница во износ од 83,5 милиони долари, која доспева утре, како и 47,5 милиони долари, кои ќе паднат следната недела.

Презадолжената кинеска компанија е толку испреплетена со пошироката кинеска економија што се појави страв од глобална криза на глобалните пазари на акции и обврзници.

Evergrande, должи околу 300 милијарди долари, главно на инвеститорите.