Избегнувањето рецесија во САД ќе биде голем предизвик

78

Избегнувањето на рецесија во САД ќе биде голем предизвик за 2022 година со 2,3 проценти од јунската проекција од 2,9 проценти и предупреди дека за Вашингтон ќе биде „сè поголем предизвик“ за земјата да избегне рецесија.

Фондот, исто така, ја намали проценката за растот на реалниот бруто-домашен производ (БДП) во најсилната економија во светот за 2023 година на 1,0 отсто од 1,7 отсто што ги предвиде на 24 јуни кога се состана со американските власти за нејзиниот годишен преглед на економската политика на САД, пренесува Ројтерс.

Конечниот извештај на ММФ за состојбата на американската економија е ревидиран, како одраз на надолно ревидираниот раст на БДП во првиот квартал и слабеење на мајските потрошувачки трошоци, кои сочинуваат повеќе од две третини од економската активност во САД.

Како истакнати предизвици во извештајот се наведува високата инфлација и наглото зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви, потребни за да се стави под контрола растот на цените.

Извршните директори на ММФ во соопштението нагласија дека растот на инфлацијата во странство „претставува системски ризици и за САД и за глобалната економија“.

„Приоритет на политиката сега мора да биде брзо забавување на зголемувањето на платите и растот на цените, без да се предизвика рецесија. Тоа ќе биде тешка задача“, велат од ММФ.

Според оценката на Фондот, заострувањето на монетарната политика на ФЕД треба да помогне инфлацијата да се намали на 1,9 отсто до четвртиот квартал од 2023 година од нивото од 6,6 отсто предвидено за последниот квартал од оваа година.