Избор на најуспешни жени менаџери во Македонија

57

zena menager

Агенцијата Марили традиционално и годинава го организира изборот на најуспешни жени менаџери од Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи утре во Сити хол во Скопје, а денеска ќе биде организирано предавање за здравјето и убавината во функција на современата жена.

Годинава за најуспешни жени менаџерки ќе бидат прогласени Мара Акимовска, макретинг менаџер од Ел Фарма, Тања Анѓушева, доктор во Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори, Даниела Дабеска, генерален менаџер на резиденција Дабески, Кармен Михајлоска, велнес тренер од International Millionaire Team @ Herbalife, Елизабета Пановска, генерален менаџер на Бета медико, Бранка Славеска, генерален директор на Хајнекен Хрватска, Олгица Спасевска, директор на одделот за човечки ресурси во Шпаркасе банка, Анита Спасовска, генерален извршен директор на Бучен козјак, Оливера Стојановска, управител на Медикус и Љубица Џониќ, менаџер на Аграр – плус од село Црничани, Дојран.