Избор за најдобар HR менаџер за 2018

22

Професијата човечки ресурси опфаќа многу сфери од нашиот работен живот, и во секојдневието, често нејзината вредност е занемарена. Оваа професија е подлежна на промени, од неа се очекува да биде во чекор со сите промени коишто се случуваат во надворешниот свет. Од вашиот HR менаџер се очекува да ги знае и следи најновите трендови и да ги имплементира во работното место, покрај својата долга агенда на работни обврски. Професијата се менува и следствено на тоа, HR заслужува да биде стратешкиот партнер во секоја компанија. Помогнете ни да го издвоиме и наградиме токму вашиот HR колега за неговиот труд, и номинирајте го за HR менаџер на годината, стои во соопштението.

Македонската асоцијација за човечки ресурси по петти пат ќе го додели веќе познато признание и награда HR менаџер на годината на менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето.

Номинирајте го HR менаџерот кој сметате дека неговиот труд и работа во 2018 година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, воспоставување и унапредување на HR практиките.

Кој може да биде номиниран?

  • одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија,
  • одговорното лице за управување со човечките ресурси од друга компанија,
  • можете да го номинирате вашиот колега од областа,
  • можете да се номинирате и самите себе.

*Номинираниот треба да има најмалку три години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно работно искуство од најмалку осум години.

За номинација може да се номинираат HR менаџери од мали, средни и големи претпријатија.

Како можам да (се) номинирам?

Со попoлнување на овој формулар (https://goo.gl/aWJGYD)  

Краен рок за доставување на номинации: 15 март 2019

Оваа награда претставува симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со признание на HR менаџерот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област.

Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси. Повеќе информации околу изборот може да погледнете тука.

Македонската асоцијација за човечки ресурси е единствено професионално здружение на HR професионалци во земјата, кое има мисија со своето работење да ја поддржува и развива професијата менаџмент со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус како и унапредување и вмрежување на професионалците и менаџерите во сферата на човечки ресурси.