Изборот за универзален снабдувач со електрична енергија не е заглавен, вели Битиќи

41

Не е заглавен изборот за универзален снабдувач со електрична енергија, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа.

-Мислам дека веќе наредните денови Комисијата ќе излезе со конкретен резултат, нагласи Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.